Нов заб кој изгледа и функционира како природниот.

Забниот имплант е мал титаниумски шраф кој го заменува коренот на изгубениот заб. Кога ќе срасне со коската, врз него поставуваме коронка која изгледа и функционира како природен заб.

Над 25 години искуство и повеќе од 20.000 пациенти.

Од консултација до нова насмевка

Секој чекор е планиран дигитално, со 3Д снимка и прецизно позиционирање на имплантот.

  1. 01

    Консултација и планирање

    Клинички преглед и RTG или CBCT 3Д снимка за проценка на густината и волуменот на коската. Тука одредуваме и дали е потребна коскена аугментација.

  2. 02

    Вадење заб, ако е потребно

    Понекогаш имплантот се поставува веднаш по вадењето. Во други случаи, местото зараснува 2 до 3 месеци пред вградувањето.

  3. 03

    Вградување на имплантот

    Под локална анестезија, преку мал разрез на непцето, имплантот се вградува во коската. Интервенцијата трае околу 30 до 60 минути.

  4. 04

    Осеоинтеграција

    Коската срастува со имплантот. Обично трае 3 до 6 месеци, пократко на долната, а подолго на горната вилица.

  5. 05

    Финална коронка

    Врз имплантот се поставува абатмент и коронка која изгледа и функционира како природниот заб.

Брзи заби: коронка до 48 часа

Кај имедијатното оптоварување, привремената коронка се поставува во рок од 48 часа по вградувањето, наместо да се чека 3 до 6 месеци. Клучот е примарната стабилност, мерена како инсерциски торк за време на интервенцијата.

40 Ncm
Имедијатно оптоварување Примарната стабилност е постигната. Привремена коронка до 48 часа.

Илустрација. Протоколот го одредува докторот според мерењето за време на интервенцијата.

Кај имедијатното оптоварување, привремената коронка се поставува во рок од 48 часа по вградувањето, наместо да се чека 3 до 6 месеци. Клучот е примарната стабилност, мерена како инсерциски торк за време на интервенцијата. Протоколот го одредува докторот според мерењето за време на интервенцијата.

Протокол за брзи заби

  1. Преоперативно планирање

    CBCT снимка, дигитално водено позиционирање (guided surgery) и проценка на оклузијата и распределбата на силите.

  2. Хируршка фаза

    Атрауматска екстракција со зачувување на коската и мерење на торкот при вградувањето. Ако торкот не е доволен, продолжуваме со конвенционален протокол.

  3. Привремена коронка

    Истиот ден или до 48 часа, надвор од оклузија, без директен контакт при гризење.

  4. Следење

    Контроли по 1, 2 и 4 недели. Без преоптоварување во првите 6 до 8 недели.

  5. Финална реставрација

    По потврдена осеоинтеграција, обично по 3 до 4 месеци, се изработува финалната коронка или мост.

Со правилна селекција на пациенти, литературата покажува стапка на успех слична на конвенционалното оптоварување, околу 95 до 98%.

Дали сте кандидат за брзи заби?

Имедијатното оптоварување е можно кога се исполнети неколку услови. Во спротивно, конвенционалниот протокол е подобриот избор.

Поволни услови

  • Примарна стабилност на имплантот од најмалку 35 Ncm
  • Добар квалитет и количина на коска
  • Без активна инфекција на местото
  • Без неконтролиран дијабетес, без пушење и без други заболувања кои го попречуваат зараснувањето
  • Добра орална хигиена и соработка

Кога препорачуваме конвенционален пристап

  • Слаба примарна стабилност, под 35 Ncm
  • Бруксизам (стискање или чкртање заби) без заштита
  • Мек тип на коска или мал коскен волумен
  • Системски фактори кои го попречуваат зараснувањето

Дали сте кандидат се одредува на консултација, со клинички преглед и снимка.

Закажете консултација

На консултацијата правиме преглед и снимка и ви предлагаме протокол прилагоден на вас.

070 542 295
Е-пошта
[email protected]
Адреса
Бул. Партизански одреди 84, Скопје 1000
Информациите на оваа страница се од општ карактер и не се замена за клинички преглед. Изборот на протокол го одредува докторот. 3Д приказот е илустративен. © Dr. Lukanoski Premium Dental Care 2026